Loading Video...
Кошарка
5. May 2021 - 1:06

Познати сите учесници на Фајлан-форот во Евролигата

Познати се сите четири екипи кои ќе играат на завршниот Фајнал-фор турнир во кошаркарската Евролига.
 
По ЦСКА Москва место на Фајнал-форот во Келн обезбедија екипите на Анадолу Ефес, Армани Милано и Барселона. 
 
Ова е исходот по одиграните мајсторки во четвртфиналето  во кои Анадолу Ефес до третата победа над Реал Мадрид стигна со трумфот на домашен терен со 88:83. 
 
Предноста на домашниот домашниот терен ја искористија и Барселона која со 79-53 го совлада Зенит за конечен триумф од 3:2 во победи, како и Армани Милано тим кој со 92-89 славеше против минхенски Баерн. 
 
Така во полуфиналето закажано за 28 мај ЦСКА Москва и Анадолу Ефес, а фториот финалист ќе го даде победникот од дуелот меѓу Барселона и Армани Милано. 
 
Наследниот на Реал Мадрид од 2018-тата (лани не се одржа завршницата поради Ковид пандемијата), ќе го дознаеме на 30 мај за кога е закажано финалето.