Loading Video...
Тенис
25. January 2022 - 15:28

Познати првите полуфинални парови на Австралија Опен

Познати се првите полуфинални парови на првиот годинашен Гренд слем тениски турнир Австралија Опен во двете конкуренции. 

 
Рафаел Надал и Матео Беретини е првата полуфинална двојка кај мажите на на Австралија Опен. 
 
Шпанецот, кој е шести ностител на турнирот во Мелбурн, по повеќе од четири часа борба го победи 14-носител Русинот, Денис Шаповалов.
 
Во мечот во кој беа одиграни пет сета првите два ги доби Надал со 6-3 и 6-4, а во следните со иста мерка возврати Шаповалов. Сепак во решавачкиот пети сет Шпанецот беше многу подобар па го доби со 6-3 за конечни 3:2 во сетови
 
И противникот на Надал во полу-финалнето Италијанецот, Матео Беретини играше речиси 4 часа во мечот против Французинот, Гаел Монфилс Франција
Беретини кој е 7-ми носите ги доби првите два сета со 
6-4, а Французинот следните два со 6-3. Во решавачкиот петти сет подобар беше Италојанецот со 6-2 па со конечни 3:2 во сетови Беретини се избори за полуфинале. 
 
Кај дамите. Првата фаворитка Ешли Барти без големи проблеми и со само два загубени гема стигна до полуфиналето. Домашната тенисерка во четвртфиналето ја победи Џесика Пегула со 6-2 и 6-0.
 
Барти во полуфиналето ќе ира повторно против Американка. Имено Медисон Кејс во четвртфиналето ја елиминира 4-тата носитечка   Барбора Крејчикова од Чешка и тоа по два одиграни сета со 6-3 и 6-2).
 
Утре на програмата се преостанатите четвртфинални дуели во двете конкуренции. 
жени
27 Даниеле Колинс (САД) – Ализе Корне (Франција)
7 Ига Сватек (Полска) – Каиа Канепи (Естоија )
 мажи
4 Стефанос Циципас (Грција) - 11 Јаник Синер (Италија)
 2 Данил Медведев (Русија) - 9 Ф. Агуер Аласиме (Канада)