Ракомет
2. August 2021 - 15:33

Познати четвртфиналните парови на женскиот ракометен олимписки турнир

 
 
Последното коло од групната фаза на женскиот ракометен турнир, донесе големи возбудувања, по што комплетиран е списокот на осумте најдобри кои ќе играат во четвртфиналето.
 
Голема неизвесност имапе во Б групата, во која Французинките славеа над Бразил со 29-22, а по поразот на Шпанија од Русија, својата шанса за влез во четвртфиналето ја искористија Унгарките кои и го нанесоа првиот пораз на Шведска. 
 
Во А групата,  Јужнокореанките се пласираа благодарение меѓу осумте најдобри откако одиграа нерешено со Агола 31-31 иако на неполни две минути пред крајот имаа два гола негатива.
 
Така во четвртфиналето кое на програмата е во четврток (4 август) ќе играат: 
НОРВЕШКА - УНГАРИЈА
ЦРНА ГОРА - РУСИЈА
ХОЛАНДИЈА - ФРАНЦИЈА
Ј. КОРЕЈА - ШВЕДСКА