Џет-Сет
21. October 2016 - 10:17

Познатата водителка стана мајка

Поранешната водителка Ана Јовковска од сега ќе мора да паузира на професионален план и тоа токму поради фактот што за прв пат се реализира во улогата на мајка.

13939362_10210009911347015_2141338015278214998_n

Младата водителка преку фотографија на својот Фејсбук профил, ги изненади своите пријатели и фанови кога им соопшти дена на свет донесе здраво машко бебе. Во описот на објавата напиша – „Ова мало раче денес се пружи кон светот. Силно ги стиска мама и татко, кои ќе направат се за да му ги отворат широко дланките, кон патот на љубовта и идеализмот. Не чека ново, големо емотивно патешествие, ама ќе учиме еден од друг сите тројца. Од денес сум со уште еден идентитет плус – мајка“.

Под објавата следеа голем број лајкови и честитки, а Вистина.мк на Ана и сопругот Иво им го честита новороденчето и’ им посакува нови и интересни животни авантури, со новиот член на семејството.