Џет-Сет
1. March 2017 - 12:39

Познатата водителка призна дека е љубоморна

Водителката Марија Килибарда се омажи минатото лето за поранешниот кошаркар Владимир Радмановиќ, а сега призна и каква е како сопруга.
 
„Јас не се двојам од телефонот! Кога би можела сите свои 20 пријатели, сопругот, сестрите, мајка ми, сите да ги држам на врска во секој момент, тоа би го правела и би била спокојна, изјавува Марија за еден српски магазин и додава дека е свесна за својата посесивност.