Џет-Сет
9. December 2016 - 17:11

Познатата пејачка итно хоспитализирана

Пејачката Лепа Лукиќ води уште една битка откако била итно хоспитализирана во болница. Музичката ѕвезда, како што пишува Ало, за влакно избегнала инфаркт со брзата интервенција на лекарите.
 
Таа почувствувала болка во градите, срцето забрзано и чукало и веднаш била повикана Брза помош. Лекарите не успеале да и го симнат високиот притисок, па цела вечер поминала во болница на испитувања и инфузија.
 
Сега пејачката е дома, се одмара и опоравува. Лекарите велат со брзата интервенција за влакно избегнала инфаркт.