Познатата манекенка пронајдена мртва: Кејт Мос неутешна, ја сметаше за сестра
Славната Анабел Нилсон е пронајдена мртва во својот дом. Како што истакнува полицијата, смртта на 49-годишната убавица не е сомнителна.
Инаку, Анабел беше зависник од хероин од 16. година. Како што своевремено тврдеше, само тоа ја спасило да не се убие. Кејт Мос ја сметаше за сестра, а модниот дизајнер Александар Меквин за несуден сопруг, кој многу го сакаше. Инаку таа последна го виде жив.
„Беше мој брат, момче, моја сродна душа. Повеќето време луѓето ме викаа госпоѓа Меквин. Често делевме ист кревет“, изјави таа своевремено, додавајќи дека со него била најсреќна.
Тој дури и ја запроси во една прилика, но таа го одби, поради што долго жалеше. Беше неговата муза.
Уште повеќе ја шокираше јавноста во 1994 година, со мажачката со Нет Ротшилд. Двојката се запозна на плажа во Индија, а родителите на Нет биле шокирани од неговиот „вулгарен“ избор на сопруга. По разводот по три години брак, манекенката доби огромна сума на пари.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња