Познат идентитетот на момчето кое загина во сообраќајката во Охрид
Дваесет и шестогишниот Д.Ј. од охридското село Велгошти е лицето што утрово го загуби животот во тешката сообраќајна незгода што се случи на една од главните собраќајници во Охрид.
Според соопштението на СВР - Охрид, несреќата се случила во 5:25 часот утрово на улицата Питу Гули“ кога Д.Ј. изгубил контрола врз возилото „Форд Мондео“ што го управувал, преминал на спротивната сообраќајна лента, излетал од коловозот и директно удрил во дрво.
Неговата смрт на местото на сообраќајната незгода ја констатирал доктор од Службата за итна медицинска помош, чија екипа набрзо пристигнала на улицата „Питу Гули“.
На лице место на несреќата извршен е увид во присуство на јавен обвинител, овластен судски вештак и полициски екипи од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај Охрид.
По наредба на јавен обвинител, врз телото на сега починатиот ќе биде извршена обдукција како и дополнително техничко вештачење врз патничкиот автомобил за утврдување на околностите околу кои настанала незгодата.
Ново на Сител
-
СЗО за консумирање алкохол и електронски цигари кај адолесцентите: Состојбата е алармантна
-
Белгиски медиуми: Македонија оди во втор круг гласање од кој и зависи европската иднина
-
Ангелов: Граѓаните ја отпишаа СДСМ, сите заедно да ги отпишеме и ДУИ
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница