Македонија
25. August 2015 - 11:43

Познат идентитетот на детето кое беше најдено во Вардар

Телото на беживотното дете  кое вчера беше извадено од водите на реката Вардар во близина на зградата на Министерството за надворешни работи е двегодишното дете што пред неколку дена падна во реката Треска, информираат од МВР.

Како што соопштуваат од полицијта, идентифицијата на телото ја направила мајката, а била направена и обдукција.

За потсетување, 2-годишното дете паднало во Треска, додека си играло покрај реката кај Чичино село.