Балкан
10. May 2017 - 21:53

Познат филозоф погоден со торта во глава: Убиецу, бегај од Белград!

Францускиот филозоф Бернар Анри Леви е нападнат денеска во салата на Културниот центар кога требало да разговара со гледачите по проекцијата на неговиот филм Пешмерг.

Со повици „Убиецу напушти го Белград“ и „Овој гад се залагаше за бомбардирање на Југославија осум години пред интервенцијата на НАТО“, тројца левичари, припадници на СКОЈ, го прекинаа денешното обраќање на Бернард Анри Леви во Културниот центар.

Foto: Tanjug Rade Prelić

Контроверзниот француски филозоф доби парче торта во лице неколку секунди откако почна да и зборива на пуибликата која го гледаше неговиот филм. Посериозен инцидент спречија снимателите од различните телевизии кои задржаа еден од припадниците на СКОЈ во намерата физички да се пресмета со францускиот филозоф.

На бината над местото каде режисерот Горан Марковиќ имаше намера да разговара со Леви за неговиот филм, друго момче рашири транспарент на кој на англиски пишуваше: „Бернард Леви поддржува империјалистички убиства“, а во потписот СКОЈ и срп и чекан.

Foto: Tanjug Rade Prelić

Веднаш дојдоа и двајца полицајци кои биле надвор од салата, а публиката ги изнела момчињата со повици „Кои сте виде да прекинувате културен настан среде Белград“.

Foto: Tanjug Rade Prelić

Леви во текот на инциденто говореше дека се случува фашистички чин. По инцидентот тој се врати во салата и и се заблагодари на публиката и рече дека Србија не се променила колку што се надевале нејзините приајтели. „Демократијата се уште не победи во Белград. Вистината не сакаат да ја слушнат во овој град. Да живее Европа и демократска Србија во ЕУ. Горд сум што пред вас ги бранам тековите на антифашизмот во Европа“, рече Леви.

Foto: Tanjug Rade Prelić

 

Foto: Tanjug Rade Prelić

Бернард Анри Леви рече по нападот дека е подготвен да говори на трибината на фестивалот, кој се одржува од четврток 11 мај, доколку му се овозможи безбедно учество.

Белдокс фестивалот побара од надлежните сторителите на инцидентот да се идентификуваат и соодветно казнат.

Исто така фестивалот го осудува секој вид на насилство, спречување на слободата на говорот и јавниот збор.