Македонија
7. July 2020 - 16:38

Позитивните на корона сериозно ги сфатија препораките, младите се потешко ја водат битката со вирусот

Пациенти позитивни на Ковид-19 со лесна клиничка слика се почесто одат на Инфективна за консултација со лекар. Иако немаат потреба од болнички третман, исплашени од компликациите кои можат да настанат од вирусот бараат преглед и совет каква терапија да пијат дома. 

-Таквите пациенти доаѓаат во амбуланта има даваме што како, сакаат консултација со инфектолог и го продолжуваат третманот дома. Тоа е добро, малку можеби задоцнето, но сепак граѓаните се повеќе сфаќаат колку е сериозен корона вирусот вели др. Милена Стевановиќ, директор на Клиника за инфективни болести.

И инфектолозите како и епидемиолозите се загрижени од последниот тренд низ болниците кога освен повозрасните и хронично болните, Ковид-19 предизвикува сериозни  компликации и кај помлади лица кои претходно немале други заболувања. На Инфективна антималаричниот лек повеќе не го користат во третманот за Ковид по препораки на СЗО, додека, пак, дел од болните добиваат од терапијата што е наменета за ХИВ–СИДА.

-Го даваме лекот, но секако сме претпазливи бидејќи тој првенствено е наменет за друга инфекција, вели Стевановиќ.

На Инфективна во моментот има околу 90 пациенти со корона од кои повеќе од половината се на кислородна поддршка. Има пациенти кои доцна побарале лекарска помош и по самостојното лекување дома во болница завршуваат во многу тешка состојба. Но има и стари лица кои успеале да се изборат со вирусот меѓу кои е и 94-годишна старица која наскоро треба да ја напушти клиниката.