Балкан
26. August 2019 - 14:22

Пожарот во Сутоморе ставен под контрола

Пожарот кој изби во Сутоморе е ставен под контрола, а куќите и луѓето не се загрозени, изјави денеска началникот на Службата за заштита на Општина Бар, Амир Муслиќ.

Тој истакна дека пожарот е локализиран и го гаснат канадери.

– Нема загрозени куќи, ниту луѓе, а пожарот е локализиран од сите страни. На пожарникарите од Бар им помагаат колегите од Улцињ и Петровац, нагласи Муслиќ.

Според него, ангажирани се три канадери и нема опасност дека пожарот ќе зафати поголеми размери.

Пожарот изби на тешко пристапен терен, што им создава проблеми на пожарникарите.