Балкан
2. August 2016 - 9:39

Пожарот на Евија ставен под контрола

Шумскиот пожар во близина на градот Лимни во северниот дел на грчкиот остров Евија е ставен под контрола, соопшти доцна синоќа противпожарната служба.

Пожарот почна да гори во саботата попладне и во неделата беше ставен под контрола, но потоа повторно се разгоре поради силните ветрови и непристапниот терен.

Локалните власти соопштија дека пожарот уништил илјадници хектари шума, нанесувајќи непроценлива штета на животната средина, но досега нема оштетени домови или загрозени животи.