Пожарот кај Фурка се интензивира, интервенира и армиски хеликоптер
Пожарот кај село Фурка помеѓу општина Дојран и Богданци е активен и добива посериозен интензитет. Се движи од брана Паљурци кон планината Карабалија по регионалниот пат Богданци – Дојран во ширина од 300 до 400 метри. Гори деградирана шума-прнар, а на места има и борова шума.
Центарот за управување со кризи информира дека поради сериозноста на пожарот, ветерот, брзината на движење и променливиот правец кој веќе неколку пати ја менува насоката и го опфати и сртот на ридот помеѓу Богданци и Дојран, а е непристапен и тежок терен без патна инфраструктура, градоначалниците на двете општини преку ЦУК упатија барање за ангажирање хеликоптер на Армијата. На барањето е позитивно одговорено, и армиски хеликоптер е упатен кон Богданци.
На терен се и пожарникари, противпожарни возила и вработени од шумските стопанства од Гевгелија, Дојран, Кавадарци и Валандово, како и припадници на МВР.
Ново на Сител
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 18:30 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 15 часот
-
Аналитички центар на Сител: Пресек на излезност до 13 часот
-
Просечна излезност до 11 часот
-
ОБСЕ: На крајот на денот ќе оцениме како се одржало гласањето
-
Аналитички центар на Сител: Просечна излезност до 9 часот
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата