Свет
1. May 2018 - 12:42

Пожар во зграда во Сао Паоло, најмалку една жртва

Најмалку еден човек загина во пожар што изби во напуштена зграда во центарот  на Сао Паоло. Станува збор за зграда со 26 спратови која поради пожарот се урна, јавија локални медиуми.

Според бразилски медиуми во зградата живееле околу 150 луѓе кои ги користеле претежно првите 10 спратови.

Во гаснењето на пожарот се ангажирани 160 пожарникари со 57 пожарникарски возила.