Македонија
10. May 2020 - 13:48

Пожар во Скопје - тешко повредено едно лице

Во Скопје денес наутро е пријавен пожар кој настанал од непознати причини и целосно е опожарена гаража и кров од дуќан. Во соопштението од МВР стои:

На 10.05.2020 во 05,19 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„376“ настанал пожар при што целосно била опожарена гаража сопственост на Е.И.(50) од Скопје и кров од дуќан сопственост на С.И.(55) од Скопје.

Во пожарот  Е.И. се здобил со изгореници по што бил пренесен во Градската општа болница„Св.Наум Охридски“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди. Пожарот е изгаснат од противпожарната единица од Скопје.