Пожар во Штип - Повредени нема
Пожар изби во зградата на старото Нервно одделение во Штип кадешто привремено се сместени семејства од социјално ранливите категории, главно од ромската заедница. Во пожарот нема повредени лица.
Командирот на Територијалната противпожарна единица во Штип, Благоја Ренџов изјави дека пожарот е пријавен во 4:45 часот утринава кога е забележано дека гори кровот на зградата.
- Веднаш интервениравме со четири противпожарни возила и 12 пожарникари. Комплетно се изгорени седум простории, а седум успеавме да ги спасиме. За среќа, нема повредени лица од семејствата коишто се сместени во оваа зграда, истакна Ренџов.
Интервенцијата траела до 12 часот, а по извршениот увид од страна на полициските службеници ќе се утврди кои се причините што го предизвикале пожарот.
Ново на Сител
-
Ѓорчев: На 15% на ниво на Македонија Силјановска Давкова 43.466, Пендаровски 18.213
-
ЈО: До затворање на избирачките места не е пристигната ниту една пријава за кривично дело поврзано со изборите
-
Три случаи на фотографирање и два случаи на кинење на гласачкото ливче, соопштува МВР
-
Муцунски: Овој ден е почеток на крајот на оваа власт
-
48% од гласачите гласале до 18.30 часот
-
Арбен Таравари: Граѓаните масовно излегуваат, што е добар знак за опозицијата
-
Стевчо Јакимовски: Најголема штета се прави на Македонија, ако не се излегува да се гласа
-
Билјана Ванковска: Првиот и најважен чекор е граѓаните да гласаат, а каков избор ќе направат ќе видиме вечер