Македонија
22. November 2019 - 11:51

Пожар во Петровец: 10 семејства останaa без покрив над глава

10 фамилии во општина Петровец од изутрината се без покрив, откако пожар ја изгоре импровизираната барака во која живееја.

Во несреќата нема повредени лица, а благодарение на брзата интервенција на пожарникарите огнот е ставен под контрола, без опасност да се прошири кон останатите куќи. градоначалникот на општината вети помош за лицата и фамилиите кои го изгубија домот.

Засега не се знаат причините за избувнувањето на пожарот, кој се случи во бошњачката населба во општина Петровец.

 

Горан Симоновски