Свет
13. May 2016 - 19:15

Пожар во најголемиот отпад за автомобилски гуми во Европа

Голем пожар денеска изби на отпад за автомобилски гуми во предградие на Мадрид и предизвика густ облак чад, што се гледа на 30 километри.

Десет екипи пожарникари повеќе од 10 часа се обидуваат да го изгаснат огнот во општина Сесења, јужниот дел на Мадрид.

- Властите се сомневаат дека утрово пожарот е подметнат на отпадот за автомобилски гуми, кој е најголем во Европа, изјавио градоначалникот на Сесења, Карлос Веласкез.

Во отпадот има 100.000 тони користени автомобилски гуми.

На дел од населението во Сесења наредено им е да останат во домовите, а едно училиште денеска не работеше, а патниците на двата автопата во близина се советуваат да не ги отвораат прозорците на визилата.