Македонија
14. December 2016 - 15:13

Пожар во куќа во Скопје

Во 14 часот во текот на вчерашниот ден З.Т. од Бригадата за противпожарната единица во Скопје, пријавил дека на улицата „Финска“ во куќата на 69-годишниот С.П. избувнал пожар.

Од МВР информираат дека за среќа во моментот на пожарот немало никој дома, па била спречена трагедија.

Од пожарот било опожарено електрично броило и мал дел од кровот.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.