Македонија
23. January 2016 - 14:37

Пожар во куќа во Скопје

На ул. „Брсјачка буна“ во Скопје вчера околу 20 часот настанал пожар во куќа во сопственост на А.Р. и во куќа во сопственост на Р.С.

Во пожарот се повредени лицата Ш.Е., Р.С. и Р.А., кои се пренесени во болницата „Св. Наум Охридски“ за укажување лекарска помош. Пожарот е локализиран од екипа на ТППЕ-Скопје.