Пожар во хотелот „Кристал“ во Куманово
Екипите на територијалната противпожарна единица Куманово речиси еден час го гасеа пожарот што избувна претпладнево околу 11 часот на последниот кат од поранешен хотел „Кристал“ во строгиот центар на Куманово.
Командирот на ТППЕ Куманово, Дејан Илиевски информираше дека на пожарот интервенирале со едно противпожарно возило и со петмина пожарникари.
Во пожарот причинета е незначителна материјална штета, бидејќи биле зафатени ќебиња и чаршафи, дрвени сталажи на кои имало поставени материјали за работа, претежно текстил.
Поранешниот хотел „Кристал“ еден од најрепрезентативните објекти во Куманово е во стечај неколку години. Според податоците на поранешен сопственик, инаку адвокат по професија Звонко Јосевски, во сите објекти на поранешна АД „Бисерка“ имало вработено близу 230 работници.
- Мислам дека брзо треба да се заврши стечајната постапка, треба да се направи проценка на објектите, да се огласат на јавно наддавање и да ги купи оној кој е заинтересиран, да се намират доверителите да се најде епилог за овие објекти кои се едни од најрепрезентативните во градот, изјави Јосевски пред медиумите.
Во поранешните хотели „Кристал“ и во „Куба“ и двете сопственост на АД „Бисерка“ претходно беа сместени внатрешно раселените лица од липковскиот регион од конфликтот 2001 година.
Ново на Сител
-
Влаховиќ се повреди
-
Вардар 1961 во драматична завршница го совлада Еурофарм Пелистер
-
Федерер официјален стартер на трката 24 часа Ле Ман
-
Најмногу дожд во Крушево и Маврови Анови, времето денеска променливо облачно и нестабилно
-
САД и Јужна Кореја напредуваат кон договор за елиминирање на царините
-
Болоња против Милан за прв куп трофеј од 1974
-
Студенстки штафетен маратон на студенти до Брисел со цел да го привлечат вниманието на европските институции кон ситуацијата во државата
-
Истрага за насилство од 19-годишник во Кисела Вода