Пожар во хотел во популарно одморалиште во Белгија, нема жртви

Пожар избувна синоќа во кујна во хотел со пет ѕвезди во популарното белгиско одморалиште Кноке-Хајст на брегот на Северното Море во близина на границата со Холандија.
Како што јавија белгиските медиуми повикувајќи се на претставник на локалната противпожарна служба, при пожарот немало „пријавени повредени“ меѓу гостите и вработените во хотелот.
Алармот за пожар во хотелот се активирал нешто по 20 часот, откако се запалил еден од апаратите во кујната.
– Практично немаше опасност за ниту еден од присутните, освен за персоналот во кујната, изјави претставникот на противпожарната служба Мајкл Гонзалес.
Тој информира дека околу 40 гости и персоналот на хотелот биле евакуирани од објектот и времено сместени во блиското казино.
Пожарот бил набрзо изгаснат, предизвикувајќи само материјални штети во кујната.
– Извршивме темелна инспекција. Имаше чад и штета од пожарот, но генерално беше ограничена на кујната, додаде Гонзалес.
Инаку, Кноке-Хајст важи за најпознато и најекслузивно одморалиште на белгискиот брег на Северното Море.
МИА
Ново на Сител
-

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик
-

Попладне дожд, од утре пад на температурите и најави за снег
-

Од 3 на 5: Нови две единки балкански рис забележани на Шар Планина | ВИДЕО
-

Запален автомобилот на градоначалникот на Шуто Оризари Курто Дудуш
-

Познат идентитетот на возачот кој загина на патот Кочани - Виница, повредени три лица
-

Израел се обиде да го убие иранскиот безбедносен функционер Лариџани
-

Европа му испрати јасна порака на Трамп: Сам реши го својот проблем, ова не е наша војна
-

Од денеска директна авиолинија Охрид-Братислава, а од 29 март нова авиолинија Охрид-Милано
