Балкан
22. јуни 2019 - 14:10

Пожар во близина на Атина

Пожар избувна претпладнево во областа Лагониси во регионот Атика, на околу 40 километри од центарот на Атина. Иако огнените јазици се во близина на населено место, од Противпожарната служба на Грција за грчката новинска агенција АНА-МПА велат дека барем за сега не постои опасност за домовите што се наоѓаат во близина на пожарот.

Пожарот избувнал од сува трева, а од грчката противпожарна служба соопштуваат дека во гаснењето, кое што е во тек, учествуваат 30 пожарникари до 11 возила, една пешадиска единица, два авиони и еден хеликоптер, јави дописничката на МИА од Атина.