Македонија
16. March 2018 - 11:27

Пожар во барака во Чичино село во Центарот за бездомници

Вчера во 09.52 часот во Чичино село, во Центарот за бездомници била опожарена една соба од барака.

Пожарот бил изгаснат од страна на екипа на Бригадата за противпожарна заштита, а повредени лица нема.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Се преземаат мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот.