Балкан
4. November 2019 - 8:53

Пожар во Астрономскиот центар во Анкара

Голем пожар го зафати вчера Астрономскиот центар во Анкара. Во инцидентот нема повредени лица.

Врвот на кулата на астрономскиот центар во целост изгоре, а чадот можеше да се види од неколку километри.

Огнот е ставен под контрола, а се уште не е позната причината за пожарот.

Астрономскиот центар во Анкара е отворен во 2007 година.