Македонија
22. јуни 2019 - 22:02

Пожар избувна во куќа во Кратово

Полициската станица Кратово вчера пријавила дека во 00:40 часот во селото Шлегово, Кратовско избувнал пожар во куќата на лицето И.Х. (75) при што опожарена била кровната конструкција и горниот кат од куќата.

Пожарот бил изгаснат од Територијална противпожарна единица Кратово, а И.Х се здобил со опекотина во пределот на десната потколеница и му била укажана лекарска помош.