Џет-Сет
14. September 2016 - 14:35

Повторно заедно: Марко Јариќ и Лима го прославија роденденот на ќерката

Српскиот кошаркар Марко Јариќ и неговата поранешна сопруга Андријана Лима, повторно заедно го прославија роденденот на помалата ќерка.

Со помош на постарата ќерка Валентина (7) професионални декоратери, на денот на роденденот на Сиена, куќата на Андријана ја украсија за да изгледа како од бајка. Се беше во знакот на омилената хероина од цртаните филмови Малечката Сирена - од тортата до украсите.

Куќата беше исполнета со балони, морски ѕвезди и цвеќе, а Андријана и Марко не одолеаја тој прекрасен декор да го споделат на социјалните мрежи.

-Пред 4 години е роден нашиот најсладок ангел, моето сонце, моето срце, моето се, Сиена. Мама и Валентина многу те сакаат. Благословени сме што те имаме во нашите животи. Сиена, те сакаме, емотивно порача Лима, додека Марко закачи видео од прославата.