Балкан
16. јуни 2022 - 8:49

Повторно дојави за поставени бомби во училишта ширум Србија

Голем број училишта утрово во Белград, Мајданпек,Ниш но и други градови добија дојави за бомби, поради што дел од нив ги известија родителите децата да не доаѓаат на училиште и дека наставата денеска ќе се одржува онлајн.

Корисници на социјални мрежи ја потврдиле таа информација, објавувајќи дека пријави стигнале и до училишта во општините Ада, Кикинда и Врбас. Во Мајданпек во тек се проверки, а на лице место излегле пожарникари и Итна помош, јави Бета

Дојави за бомби пристигнале и во неколку основни училишта во Ваљево.

Дојави за бомби добија и две основни училишта во Нови Пазар, а полицијата го блокираше тој дел од градот бидејќи во непосредна близина се градинка и зграда на Полициската управа.

Според Бета, дојава за бомби пристигнала утрово на адресите на сите основни училишта во Расински округ, Ниш, Пирот и Бабушница.