Џет-Сет
19. April 2018 - 11:16

Повредите се видливи: Кога Наташа ја отвори вратата, нејзиниот изглед не шокираше!

Лука Лазукиќ, мажот на Наташа Беквалац, во бессрамно интервју за српските медиуми раскажа дека неговата сопруга е позната како жена која е подготвена на се.

Тој рече дека постои можност Наташа сама себеси да се повредила за да му наштети, а модриците на нејзиното лице и раце ги окарактеризирал како „повреди од антицелулит масажа“.

Лазукиќ исто така раскажа дека тој ја финасирал изградбата на куќата на поп ѕвездата во Ченеј, а вложувал пари и во нејзиниот стан на Дедиње. Иако за своите тврдења немал никакви докази, Лука сепак сакал да се испере од фактот дека физички ја нападнал сопругата..

Nataša Bekvalac

Ситуацијата која претходела на тепањето на поп ѕвездата потсетува на вистинско холивудско сценарио. Имено, Беквалац тој ден по завршените обврски со бебето отишла во музичкото студио за да ги преслуша песните за новиот албум.

-Наташа во попладневните часови, кога ја подмирила Катја, отишла кај своите долгогодишно соработници во студиото. Тие за неа подготвиле материјал за новиот албум и сите биле возбудени поради проектот кој требало да се појави на почетокот на летото.

Таа му се јавила на Лука дека таму ќе се задржи неколку часа, и тогаш дознала дека отишол на забава со друштво. Како и до тогаш, апсолутно не се противела на тоа, открива „Ало“ од извор упатен во ситуацијата.

Nataša Bekvalac

- Кога Лука се вратил во раните утрински часови од журката, тогаш настанал вистински ахос. Наташа му замерила поради тоа што доаѓа пијан и не води сметка за семејството. Бидејќи бил многу агресивен во тој момент, тој ја обвинил неда дека има нешто со менаџерот задолжен за нејзината кариера.
 
Буквално ја навредил на секој можен начин, а во едне момент и рекол: „Курво, менаџери те возат низ Белград“. Кога тоа го изговорил, таа од немоќ не знаела што да направи, па почнала да го навредува, зошто таа е негова жена и тој добро ги знае сите нејзини соработници.

Luka Lazukić

Тогаш и пукна филмот и тргнала да го земе неговиот телефон за да докаже дека знае дека е неверен. Во тој момент Лука ја удрил со бокс во глава, открива изворот.

Соседот на поп ѕвездата Наташа Беквалац открија дека кај неа на посета доаѓаат само сестрите, а кога екипата на „Ало!“ заѕвонила на нејзината врата  Наташа им отворила.

Кога ги здогледла, ги замолила да не ја  фотографираат, а нејзините миленичиња истрачале од станот.

Новинарите забележале дека Беквалац не носи брма, а на влезната врата имало кутии во кои биле спакувани работите на Лазукиќ како и кошаркарска топка.