Македонија
11. јуни 2018 - 10:14

Повреден моторџија во Скопје

 З.Н.(44) од Скопје вчера попладне  во 17:30 часот управувајќи мопед „Априлија“ со скопски регистарски ознаки,  крстосница од улица „Мите Богоевски“, улица „Горно Лисиче“ и улица „Ѓорге Андреевиќ-Кун“ во Скопје, изгубил контрола над мопедот и паднал на коловозот, при што се здобил со повреди. Мотоциклистот З.Н. со друго возило бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, каде му била укажана лекарска помош и му биле констатирани тешки телесни повреди. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.