Македонија
3. November 2016 - 13:08

Повеќе скопски населби и села утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Антон Кецкаров“, „Пекљане“, „Шарпланинска“ и „Торонто“ во населбата Даме Груев, утре од 9 до 15 часот ќе останат без струја.

Истиот период без струја ќе бидат и корисниците од селата Горно и Долно Блаце, Граничниот премин Блаце и Терминалот Блаце во општина Чучер – Сандево, како и жителите лоцирани на улиците „Букурешка“, „Варшавска“, „Ташкентска“, „Хаванска“, „Хелсинки“ и „Мексичка“ во општина Карпош.

Во временскиот период од 7:30 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Мршевци и Бујковци, општина Илинден, а од 8:30 до 15:30 часот дел од корисниците од Кванташки пазар во близина на пругата и корисниците зад печатницата „Гоце Делчев“.

Од 9 до 15 часот без снабдување со електрична енергија ќе останат корисниците од улицата „Лука Геров“ – подулици 8, 10, 12 и 15 и корисниците од улицата „Рајко Жинзифов“ од бр. 2 до Амбасадата на Република Романија во општина Центар. 

Како што информира РЦУК на Град Скопје, прекините се поради технички зафати во електромрежата.