Бизнис
3. јуни 2017 - 15:30

Повеќе пари во стопанството, финансиска поддршка за домашните компaнии

Повеќе пари во стопанството, финансиска поддршка за домашните компнии, помош при нивно поврзување со странските фирми кои работат во зоните . Во Прогрмата на новата Влада предвидено е првата година малите и средни комапнии финансиски да се помогант со 20 милиони евра.  Сумата ќе се зголемува секоја година и според очекувањата  таа по 4 години ќе достигне 50 милиони евра. Ќе се настојува фирмите извозно да се ориентираат и да создаваат повисока додадена вредност
 
Во моментов околу 500 домашни фирми се добавувачи на странските компании. Бројка, која не задоволува. Проблемот, според странските инвеститори  е доцнење при испораката  или драстично зголемување на цената на производот коиј треба да го достават
 
Простор за соработка има, меѓутоа јас ќе ви кажам пластичен пример.  Не може хартија за принтање домашните фирми да ја  продаваат  по  200 евра, кога истата е по драстично  пониска цена надвор од Македонија., изјави Аврам Стојчевски, директор на Ван Хул
 
Поддршка е најавена и за лицата кои сакаат да започнат сопственм бизнис. Нив ќе им бидат обезбедени евтини кредити до 15 илјади евра со камата од само 1%.