Бизнис
3. March 2021 - 19:44

Потребни се 1,7 милијарди евра инвестиции за пречистување на урбаните отпадни води во Македонија

Едвај 4% од вкупното количество отпадни води во земјава се пречистуваат и тоа претставува сериозен проблем. Од Алијансата “Разбистри сè” сметаат дека надлежните немаат реален увид во квалитетот и квантитетот на водите во земјава. Според анализите, потребни се 1,7 милијарди евра инвестиции за пречистување на урбаните отпадни води, кои сега директно се испуштаат во реките, езерата и почвите.

„Доколку не преземеме мерки за заштита на водните ресурси, многу лесно можеме неповратно да ги загубиме. Да ги заштитиме водните ресурси долгорочно, за да не ги изгубиме неповратно“, порача Претседателот Стево Пендаровски.

„Отсуството на вистински податоци за статусот на водните тела значи дека се доведува во прашање оправданоста, одржливоста, рационалноста и ефикасноста на политиките и административните мерки за користење и заштита на водата“, вели Рејчел Галовеј, амбасадорка на Велика Британија.

Владата донесе одлука дел од Шар Планина да се прогласи за национален парк. Со заштитата на ова подрачје нема да се издаваат нови концесии за изградба на хидроцентрали.

Шар Планина ќе биде под привремена заштита додека предлог законот е во собраниска процедура, со цел кво меѓувреме да не се издаваат нови концесии.