Македонија
2. May 2017 - 10:21

Потпишување договори за проекти за развој на планските региони

Министерката за локална самоуправа Ширет Елези денеска ќе присуствува на потпишувањето на Договорите за реализација на новите проекти за развој на планските региони за 2017 година.

На потпиушувањето на договорите ќе присуствува и директорот на Бирото за регионален развој, Џемаил Елмази, градоначалниците, претседатели на советите на осумте плански региони, како и раководителите на осумте регионални центри за развој.