Свет
5. December 2017 - 13:50

Потпишан договор за изградба на гасовод од Кипар до Европа

Претставници на Кипар, Грција, Италија и Израел денеска во Никозија потпишаа меморандум за изградба на гасовот „Ист Мед“, кој би требало да пренесува природен гас од наоѓалиштата во близина на кипарскиот остров до Европа. 

Грција, Израел и Кипар долго време работат на проект за изградба на гасовод, кој би го поврзал островот со Грција преку Крит.

Според грчкиот весник „Катимерини“, предвидено е гасоводот „Ист Мед“ да има капацитет од 10 милијарди метри кубни гас годишно, со можност за зголемување на капацитетот до 16 милијарди.