Бизнис
28. November 2019 - 16:38

Потпишан договор за изградба на фотоволтаична електрана во „Осломеј“

Потпишан договорот со турската компанија Гиришим за изградба на фотоволтаична електрана на Осломеј. Ќе произведува 10 мегават часови електрична енергија, а првите количини ќе се добијат втората половина од наредната година. Инвестицијата од 1 милион евра се од ЕСМ, а останатите 6 кредит од Европската  банка за обнова и развој.

На есен наредната годината  треба да се добијат првите 10 мегават часови произведена електрачни енергија од фотоволтаичната електрана од Осломеј.  Договорот со турскиот компанија  Гиришим Електрик, која ќе ја гради електраната   е потпишан денеска. Изгрдбата треба да заврши за 10 месеци.  Парите,  милион евра се од Државните електрани, а останатите 6 кредит од ЕБОР. Количините струја  кои ќе се добијат се доволни за да се снабат жителите на Кичево и околината

Тендер за нови 10 мегавати во Осломеј и дополнителни 2 тендера по 50 мегавати коишто ќе бидат врз база на јавно приватно партнерство, изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер задолжен за економски прашања

Осломеј не работеше со години.  Добро е што наместо од јаглен, струја ќе се добива од обвновливи извори кои не загадуваат, вели министерот за економија Бектеши

Што се однесува на работната сила, ќе ангажираме дел од вработените од Осломеј, кои со обука ќе се стекнат со вештини да работат на новата електрана, изјави Васко Ковачевски, директор на ЕСМ

Од првичните 17 компании кои покажале интерес и 8 влегле во потесен круг, Гиришим понудила најдобри услови.  Турскиот изведувач вели дека земјава  има голем потенцијал  за обновливи извори, посебно за земјиштата кои не се поволни за земјоделие

Северна Македонија е значајна за нас бидејќи е лесно достапна и обезбедува пристап до 150.милиони потрошувачи – рече Мухитин Бехиџ Харманли, Гиришим Електрик.

Инаку Гирашим Електрик е  голема турска компанија која има свои преставништва   во 7држави. Во Алжир ја изградаиле  најголемата електрана со моќност од  1.200 мегавати.