Loading Video...
Ракомет
23. November 2018 - 14:48

Последен меч на Металург пред домашната публика

Во попладневниот термин во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, утре ракометарите на Металург ќе го одиграат последниот меч во Лигата на шампионите пред домашната публика. 

Тимот од Автокоманда кој има само една победа и дури седум порази, тешко ќе може да се надева дека во последните два меча може да редува и на вториот триумф. 

Имено утре Металург ќе игра против данскиот Силкеборг, тим кој задно со Спортинг Лисабон и Татран Прешов кој е последниот противник на Металург, водат мртва трка за двете место кои водат понатаму во Лигата на шампионите.

Тренерот Брестовац смета дека очекува дека неговиот тим ќе одигра многу подобро отколку на првата средба во Данска на која Металург загуби со 33-25

„Се обидувам на секој меч да им наметна победнички дух на моите ракометари. Сакам да им влијаам психолошки за да можат да го дадат најдоброто на теренот. Инаку, за мене успех е само победа“, коментираше Брестовац.

На позитивен резултат се надева и младиот Лазаревски.

„Бјерингбро е најквалитетната екипа во нашата група. Ние нема никого да респектираме. Во Данска премногу им се допушташе на домашните ракометари. Сепак, ние сме млада екипа и желни сме за докажуваме. Со максимален пристап и залагање можеме да се покажеме добро на овој натпревар“, вели пивотот на Металург, Милан Лазаревски.

Натпреварот меѓу Металург  и Бјерингбро-Силкеборг  ќе започне во терминот од 17 часот и 30 минути .