Поскапуваат дизелот и екстра лесното масло
За два денара ќе поскапат дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) и маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) од ноќеска на полноќ, а нема промена кај цената на бензините и мазутот, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ).
Новата цена на литар дизел гориво ќе изнесува 73,50 денари, а 72,5 денари ќе чини литар Екстра лесно 1. Моторниот бензин ЕУРОСУПЕР БС-95 и натаму ќе се продава по 80 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 82 денара, а килограм мазут М-1 НС 43,639 денари.
Со одлуката на РКЕ се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,13 проценти во однос на вчерашната одлука.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување во просек: кај бензините за 1,951 процент, кај дизелот 4,759 проценти, кај екстра лесното масло за 4,784 проценти и кај мазутот зголемувањето е за 1,060 проценти Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,335 проценти, наведува РКЕ во образложението за денешната одлука.
Ново на Сител
-
Македонија ги дозна можните ривали за квалификациите за СП 2027
-
Мерц: ЕУ ќе воведе построги санкции кон Русија доколку неделава во Истанбул нема напредок во преговорите
-
Рјабков: Русија и Украина би можеле во Истанбул да разговараат за одржлив мир
-
Сакајте се така ќе ги сакате и другите | Даниел Трбогазов | Личен развој |Sitel Podcast 094
-
Зеленски: Путин се плаши од директни преговори со мене
-
Кривична пријава против измамник од Скопје, измамил две лица за над 100.000 евра
-
Владата ја усвои информацијата за набавка на инсулин и друга медицинска терапија за дијабетичарите
-
ММА признат како официјален спорт во Македонија