Македонија
30. November 2018 - 16:38

Поскапува паркингот во Штип

Енормно зголемување на цените на паркинг местата во Штип. Цената на дневниот билет од постојните 60 се зголемува на 80 денари, но најголемо зголемување од дури 400 % има на годишните билети за физичките лица кои работат во фирми лоцирани во централното градско подрачје, кои наместо 1000 денари од Нова Година ќе плаќаат по 4000  денари. 

-Универзалната картица од 400 се зголемува на 600 денари, зборувам за месечната и од 3000 на 6000 денари за годишен билет- изјави Сашко Протогеров, директор на ЈП „Стипион 2011“

За предлогот на јавното претпријатие гласаа 11 советници, сите од редовите на СДСМ, додека од опозиционата ВМРО ДПМНЕ беа против, со образложение дека ова е дополнителен товар на џебот на граѓаните.

- Со ова не се предвидува ниту враќање на парите кај граѓаните, ниту пак расчистување на сообраќајниот метеж, туку наспроти ова, се предвидува покривање на финансиските издатоци за партиските вработувања во ова комунално претпријатие, изјави Ивана Јорданов, советник на   ВМРО-ДПМНЕ –Штип

Цената за закуп на паркинг место од сегашните 10 000 денари се зголемува на 33 800 денари. Од општината велат дека и вака покачените цени се пониски во споредба со останатите градови.