Поскапени закупнините во Карпош, стабилни цените во Центар и Аеродром

Во општина Карпош за закуп на метар квадратен станбен простор месечно во третиот квартал минатата година се плаќало по 320 денари, односно 93 денари повеќе во однос на третиот квартал 2015.кога цената била 227 денари, покажуваат последните податоци од Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности.
Стабилна цена на закупнинатата е регистрирана во општина Центар, каде во третиот квартал во 2015 година цената била 294 денари, а лани во третиот квартал била 254 денари.
Катастарот регистрира стабилни закупнини и во општина Аеродром. Споредбената анализа на третиот квартал од 2015 година со третиот квартал од 2016 година покажува дека цената е скоро идентична и се движи околу 175 денари за метар квадратен станбен простор.
Во општина Куманово има благ пад на цената на закупнината на становите за 20 денари по метар квадратен. Таму во третиот квартал 2015 година просечната цена изнесувала 134 денари, а во третиот квартал од минатата година 112 денари.
Во Регистарот на цени и закупнини во третиот квартал минатата година се евидентирани 1.859 трансакции во вредност од 31.254.624 денари. Од вториот квартал 2015 заклучно со третиот квртал лани имало вкупно 11.774 закупи во вредност од 208.573.202 денари.
Ново на Сител
-

Успешно евакуиран повреден планинар на Кораб
-

Трамп изјави дека преговарачите се поблиску до договор за Иран
-

На повик на студентите во блокада илјадници на протест во Белград со порака за предвремени избори
-

Вардар ја победи Шкендија со 3:0 и ја прославија новата титула
-

Иранската револуционерна гарда координирала минување на уште 25 бродови низ Ормуз
-

Тројца волонтери на Црвениот крст се меѓу првите починати од ебола во Конго
-

Епицентарот на земјотресот е од скопското епицентрално подрачје, Сеизмолошката опсерваторија излезе со детали
-

Земјотрес со јачина од 3,4 степени почувствуван во Скопје
