Македонија
26. April 2018 - 18:29

Посебен сообраќаен режим и безбедност од прв степен утре во Скопје

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск, седум претседатели и еден премиер ќе бидат гости на претседателот Ѓорге Иванов, кој е домаќин на состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони, што ќе се одржи утре во Скопје.

Поради нивното гостување одреден е прв степен на безбедност од копно и до воздух посебен сообраќаен режим утре во Скопје. 

Состанокот на лидерите на земјите во процесот Брдо-Бриони во Скопје ќе го проследат вкупно 156 акредитирани претставници на медиумите, 116 од Македонија и 40 од странство.

По завршувањето на официјалниот дел од состанокот, претседателот Иванов за своите гости ќе приреди вечера со традиционална македонска храна и домашни вина.