Португалскиот парламент усвои закон за забрана на никаб

Португалскиот парламент денеска усвои закон за забрана на носење превез за лице од „родови или религиозни“ причини на јавно место, мерка што многумина ја толкуваат како насочена кон никабот што го носат некои муслиманки.
Забраната ја предложи крајно десничарската партија Чега и најверојатно ќе се однесува на носењето бурки на повеќето јавни места.
Сепак, превезите за лице ќе бидат дозволени во авиони, дипломатски мисии и места за богослужба.
Законот предвидува казна од 200 до 4.000 евра.
Сепак, законот мора да биде одобрен од португалскиот претседател Марсело Ребело де Соуза.
Тој би можел да стави вето на предлогот или да го упати до Уставниот суд на разгледување.
Доколку овој закон биде усвоен, Португалија ќе им се придружи на европските земји како Австрија, Франција, Белгија и Холандија, кои веќе воведоа делумни или целосни забрани за прекривки за лице и глава.
МИА
Ново на Сител
-

Струшката полиција откри три бразилки и една девојка од Перу со незаконски престој во земјава
-

Додека бил на работа запалил службени материјали во метално буре, кривична за инспектор од Македонска Каменица
-

Четири лица нападнале 61-годишен маж и неговиот внук, едно лице од нив испукало со пиштол во воздух
-

ДНК-анализа: Хитлер имал генетски нарушувања што влијаеле на неговите гениталии
-

Украина и САД започнаа со производство на дронови-пресретнувачи
-

38-годишен скопјанец управувајќи велосипед удрил во пешак на бул.„Партизански Одреди“
-

Кремљ и испрати порака на Украина:Колку повеќе чекате, ќе ви биде потешко
-

Мицкоски: Подготвени сме да разговараме со Софија, но ставот на Владата и црвените линии се јасни
