Живот
20. December 2016 - 11:25

Португалија воведува данок на сонце

Португалија на сопствениците на куќи со убав поглед и кои се изложени на сончевите зраци им наметна нова давачка, зголемувајќи им ја даночната основица, објавено е во Службен весник.

Данокот на такви куќи и станови со тоа ќе биде зголемен до 20 отсто во случај кога куќа или стан има убав поглед, за што до сега се плаќаше пет отсто, што веќе предизвика голем гнев кај здруженијата на потрошувачи и сопствениците. 

- Сето ова укажува на тоа дека следен чекор ќе биде данок на воздухот кој го дишеме, изјави претседателот на Здружението на сопственици на недвижнини на Португалија, Антонио Фаријас Маркес.

- Одлучно сме против овие мерки бидејќи се засноваат на субјективен критериум. Погледот од куќата може различно да се оценува, изјави Ернесто Пинто, експерт за данок од Здружението на потрошувачи.

Од друга страна сопствениците на куќи од кои се гледа на гробишта или некои индустриски капацитети ќе добијат намалување на данокот на имот до десет отсто, кој досега беше пет проценти.