Loading Video...
Фудбал
10. јуни 2019 - 15:40

Португалија е прв победник во Лигата на нациите

На завршницата, односно финалето од Лигата на нации што се одигра на стадионот „Драгао“ во Порто, домаќинот Португалија со 1-0 ја победи Холандија со што стана првиот победник во ова натпреварување на УЕФА, а воедно го осигура своето учество на следното ЕП. 
 
Стрелец на победничкиот гол за Португалците беше Гонсало Гуедеш во 60-та минута.
 
Покрај трофејот наменет за победникот во Лигата на нациите, Португалија заработи и 10,5 милиони евра награда од УЕФА, додека финалистот Холандија ќе добие 9 милиони евра.
 
 
Англија која по подоброто изведување на пенали ја победи Швајцарија како трето пласирана ќе заработи 8, додека Швајцарија 7 милиони евра.