Кошарка
28. July 2016 - 11:44

Портланд одвои 106 милиони за Мекалум

НБА тимот, Портланд Трејл-Блејзерс потпиша четиригодишен договор со бекот Си Џеј Макалум.
 
Мекалум, кој блесна минатата сезона, во која оствари просек од 20,8 поени, 4,3 скокови и 3,2 асистенции по натпревар, од Портланд за четири години ќе добие 106 милиони долари.
 
Во однос на сезоната претходно, Мекалум ефикасноста ја подобри за 14 поении во просек по натпревар, поради што ја доби наградата која НБА му ја доделува на кошаркарот кој најмногу напредувал.
 
Портланд го избра Си Џеј Мекалум како десетти пик на драфтот во 2013 година.