Пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Времето во Македонија ќе биде променливо облачно и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Поинтензивни процеси се очекуваат во раните утрински часови на запад, а околу пладне во источните делови од земјава каде за кратко време можно е да наврнат над 15 л/м2. Во попладневните часови ќе има и сончеви периоди.
Утринската температура ќе се движи од осум до 12, а дневната од 12 до 18 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно и нестабилно особено во раните утрински часови со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер од западен правец, а попладне облачноста ќе се намали. Утринската температура ќе се спушти до 10, а дневната ќе достигне до 16 степени.
Посвежо време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат пообилни ќе има и во текот на наредната недела, освен во вторник кога ќе биде претежно суво. На планините ќе врне снег. Во четврток се очекува значително заладување, па врнежите речиси насекаде ќе бидат од снег
Ново на Сител
-
Тема на денот со Анета Димоска, раководителка на итна медицинска помош
-
Засилени контроли на возачите во Охрид
-
Работниот ангажман ги менува навиките и животот на осудените лица во струмичкиот затвор
-
Нов марш на ангелите во Кочани
-
Голем пожар кај Желино
-
Голем пожар кај Желино
-
Четврт ден гори кај Василево
-
На инфективната Клиника дневно имаат по 20-тина лица со симптоми на труење со храна