Порасна просечната плата во Македонија, еве колку е сега
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во Македонија во октомври годинава изнесува 22.460 денари и е за 1,1 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Просечната бруто-плата, пак, е 33.023 денари и е за 1,3 отсто повисока отколку во октомври 2015 година. Во октомври годинава 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.
Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето на нето-платата се должи на повисоката исплатена платата во секторите Градежништво за 6,5 отсто, Административни и помошни услужни дејности за 5,8 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна (5,7 отсто.
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Административни и помошни услужни дејности за 4,5 отсто, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна 4,2 и Рударство и вадење на камен 3,6 отсто.
Зголемувањето, пак, на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен се должи на повисоката плата во секторите Градежништво 7,5 проценти, Административни и помошни услужни дејности за 5,8 и Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 5,6 проценти.
Зголемување на просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во однос на претходниот месец има во секторите Административни и помошни услужни дејности за 4,6 проценти, Објекти за сместување и сервисни дејности со храна за 4,2 и Уметност, забава и рекреација за 3,6 проценти.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари