Македонија
15. January 2019 - 16:21

Поранешниот уставен судија Ивановски тврди дека Законот за јазици е противуставен

Законот за употреба на јазиците без потпис од шефот на државата не може да се смета за донесен вели поранешниот уставен судија Трендафил Ивановски. Предупредува дека со ова законско решение Уставот беше прекршен уште една година кога Собранието го усвои без 2/3 мнозинство.

Според Ивановски Уставниот суд треба да постапи по сопствена иницјацитва и ако се води според прописите во највиоскиот правен акт, законот за употреба на јазиците ќе биде укинат или времено стопиран.

Речиси ист став има и професорката Каролина Астеруд

Џафери флагрантно го повредува уставот, тоа е правно насилие на исто рамниште како оние со физичкото во Собрание , а реакцијата треба да биде игнорирање и бојкот на овој закон-незакон , кој не е “ контроверзен “ туку апла повреда на Раковен и Уставот, како  и на други уставни одредби, пишува Астетуд на социјалните мрежи.

Нема ништо спорно во објавувањето на закон кој е легално донесен во Собранието смета професорката Мирјана Најчевска.

Државен удар е непотпишувањето на овој закон од страна на претседателот на државата спротивно на Уставот. Претседателот кој го крши уставот треба да биде тргнат од функцијата од страна на Уставниот суд. “-пишува Најчевска.

И покрај ваквите ставови на универзитетските професори, дали уставните судии ќе постапуваат по сопствена или по граѓанска иницијатива, од уставен велат дека е се уште рано да се каже. За евентуално пристигнати пријави ќе информираат во текот на следните денови.