Македонија
4. July 2020 - 15:33

Поранешниот новинар Сафет Бишевац позитивен на Ковид-19

Поранешниот новинар, а сега кандидат за пратеник на претстојните парламентарни избори преку коалицијата „Обнова на Македонија“ на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Сафет Бишевац е позитивен на коронавирусот. За исходот од направениот тест објави самиот на социјалните мрежи.

„Тестирањето покажа дека сум позитивен на ковид-19. За жал, нештата понекогаш се случуваат и покрај максимално можно почитување на препораките за заштита. Се чувствувам одлично, засега немам никаков проблем. Заедно со семејството во наредниот период ќе бидеме во изолација и под надзор на матичен лекар“, напиша Бишевац на својот Фејсбук налог.